Хан со порака преку Твитер: Северна Македонија и Албанија испорачаа, на ред се земјите-членки – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/19 7:06 PM

Хан со порака преку Твитер: Северна Македонија и Албанија испорачаа, на ред се земјите-членки

Северна Македонија и Албанија испорачаа, сега е крајно време земјите-членки да го испорачаат своето, објави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на неговиот налог на Твитер.

Хан всушност ова го нагласи како одговор на претходниот твит на лидерите на ЕУ, во кој тие даваат поддршка за почеток на преговорите со двете земји.

-Северна и Македонија испорачаа – сега е крајно време земјите-членки да го испорачаат своето!Благодарност до лидерите на ЕУ за нивниот цврст став за почеток на преговори со двете земји во октомври, им ретвитна Хан на европските лидери.


На социјалната мрежа Твитер, Хан потсети на пораката на лидерите на ЕУ упатена до земјите-членки, кои треба да ја донесат конечната одлука на 17 и 18 октомври.

Во писмо испратено на 3 октомври до земјите членки на ЕУ, сегашниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск, на Европската комисија Жан-Клод Јункер, новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејн и претседателот на Европскиот парламент Давид Сасол, бараат отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и со Албанија.

Тие потсетуваат дека земјите членки се заложија во јуни да се навратат на прашањето и да донесат суштинска одлука во октомври по ова прашање.

Европските лидери на Твитер објавија дека веруваат оти е време за отворање на преговороите со двете земји.