Шок во српски здравствен дом: Медицинските сестри ги прислушувале – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/19 8:32 AM

Шок во српски здравствен дом: Медицинските сестри ги прислушувале

Во Здравствениот дом во Трговиште, Србија, биле шокирани кога пред некој ден водоинсталатерот на Домот во сестринската соба пронашол прислушен уред скриен зад огледалото.

Сведоците на случајот за српски медиуми велат дека медицинскиот персонал бил крајно вознемирен, а директорот на Здравствениот дом не одговарал на повиците на новинарите.

Полицијата потврдила дека случајот е пријавен кај нив. Бил извршен и увид, а повеќе детали требало да соопшти обвинителството по утврдувањето на сите факти.