Зошто „Фолксфаген“ ќе гради фабрика од една милијарда евра во Турција, а не во Бугарија или Србија – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/19 8:18 AM

Зошто „Фолксфаген“ ќе гради фабрика од една милијарда евра во Турција, а не во Бугарија или Србија

Долгонајавуваната фабрика на германски „Фолксфаген“ ќе се гради во Турција, а не во Бугарија или во Србија, а неа потајно ја посакуваше и Македонија. Новиот производствен погон треба да никне во Маниса, кај Измир. Во фабрката „тешка“ околу една милијарда евра годишно ќе се произведуваат 300.000 возила и ќе вработува 4.000 луѓе. Одлуката да се гради во Турција изненади многумина зашто последниве години имаше повеќе сорови помеѓу германската и турската влада.

Економскиот експерт Ердал Јалцин за „Дојче веле“ објаснува зошто директорите на „Фолксфаген“ се одлучиле за турска Маниса.

„Уште пред неколку години се зборуваше дека таква фабрика ќе се гради во Турција. Но, тогаш тоа како да отпадна. Сепак, со оглед на долгорочната економска перспектива, сегашната одлука е логична. Во последните 15 години Турција стана важен центар на индустриското производство во автомобилската индустрија, особено благодарение на многубројните кооперанти што таму работат. Бугарија, иако е членка на ЕУ, такви услови нема. Освен тоа, пазарот на трудот во Турција е многу голем и може долгорочно да ги задоволи потребите на „Фолксфаген“, смета Јалцин.