Скопјанка направила вистинска драма и се заканувала дека ќе ги запали сите во дом кадешто се сместени бездомни лица на улицата „Перо Наков“ во Скопје, објави Сител.
Во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дом кадешто се сместени бездомни лица на улицата „Перо Наков“, 60-годишната С.Т. од Скопје – сместена во објектот како лице бездомник, влегла во административната просторијата во која биле тројца вработени, се однесувала агресивно и им се заканила дека ќе ги запали.
Според пријавеното, тие успеале да ја спречат и ја изнеле надвор од канцеларијата.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.