Правна држава се спроведува со правила процедури и критериуми, што го немаме, изјави универзитетската професорка Мирјана Најчевска, која се обрати на Иницијативниот одбор на ,,Твоја партија“.
,,За мене секогаш најбитна била индивидуата, не етнчките, религиозните групи.Секој има свој индивидуален идентитет и има право да го менуваат“, рече Најчевска.
Според неа, политичарите не треба да добиваат втора шанса, бидејќи, како што рече таа, еднаш корумпиран политичар ќе биде засекогаш корумпиран.
,,Висината на патните трошоци на пратениците треба да бидат колку автобуски билет“,порача Најчевска.
фокус.мк