„Бај Бај“ е новата песна на Мијата, всушност станува збор за преработка на песна од групата Буба Мара изведена на Макфест во 1988 година.
„Музиката и текстот се на легендарниот Драган Каранфиловски – Бојс, а новиот аранжман во кантри блуз стил го потпишуваат Дамир Пух, Наташа Миха Пух и Мијата. Усната хармоника ја свири Александар Пешевски, а слајд гитарите се на Дамир Пух. Ова е прв пат да преработам македонска песна а токму оваа претставува за мене емоционален времеплов. Голема чест ми е што добив шанса да персонализирам песна на Бојс со својата интерпретација.“, вели Мијата во соопштението испратено до медиумите.