Поминаа шест години од кога Boyan Slat почнал да развива систем за собирање пластика од морињата и океаните. Почетна точка била една од најзагадените области во Тихиот океан.
Од проектот настанал и уредот кој собира и компресира пластика како со џиновска рака, овој проект се соочувал со бројни потешкотии поради кои пластиката се враќала повторно во окенаот. Грешките се санирани на почетокот на овој месец, и се тврди дека овој уред сега успешно го отстранува отпадот од областа во Тихиот Океан, па досега собрани се голем број на фрлени рибарски мрежи, пластични предмети, како и парчиња штетен отпад кој не е поголем од еден милиметар. Способноста за собирање на микро пластиката се појавила како изненадување.
Уредот кој собира пластика потсетува на латинската буква „U“, а во процесот на чистење направата користи океанска струја која отпадот го насочува кон уредот. Се палнира веќе следната година да се направи и поголема верзија од овој уред, се со цел да собира повеќе отпад, а отпадот кој се собира со бродови се пренесува до крајбрежјето. Работниците пластиката до бродовите ја пренесуваат рачно и со мрежи, а неопходно е да се смисли попродуктивен начин, а се со цел да се постигне целта во рамките на прокетот, а тоа е годишно да се собира 15 тони пластичен отпад.