Иако целосно слепа, Босанка дипломираше со просек 9,6, како трета по успех во генерацијата – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/19 10:31 AM

Иако целосно слепа, Босанка дипломираше со просек 9,6, како трета по успех во генерацијата

Џенана Бркиќ – Исаковиќ од Бусовача, иако целосно слепа, ги урива сите предрасуди за луѓето со инвалидитет. Тоа што не гледа не ја спречи ни да дипломира англиски јазик и книжевност на Меѓународниот унверзитет во Сараево и тоа со просек повисок од 9,6, со што е трета по успех во генерацијата.

„Не беше лесно зашто условите на факултетите во БиХ не се приспособени за слепи лица. Морав да ги скенирам книгите, па да ги префрлувам во ворд, кој потоа читаше што јас бележев на Браево писмо“, раскажува Џенана за босански медиуми.

По дипломирањето, нејзина желба е да се вработи како професор по англиски јазик, но…

„За жал, таа желба засега не ми се остварува. Но, работам дома. Држам часови по англиски, а и правам масажи на жени, па така заработувам“, вели таа.