Непознати сторители украле дел од посмртните останки на Махатма Ганди од меморијалниот центар Бапу Баван во градот Рева во центрана Индија и тоа завчера, за денот на одбележувањети на 150-годишнината од раѓањето на големиот борец за независна Индија. Освен тоа, со зелена боја напишале „предавник“ преку сликата на Махатма Ганди.
„Ја отворив вратата на Центарот рано наутро, бидејќи тој ден се одбележуваше роденденот на Ганди. Кога се вратив, околу 23 часот, воочив дека недостасуваат посмртни останки и оти неговата слика е целосно уништена. Тоа е срамно нешто“, рекол чуварот на Меморијалниот центар.
Од полицијата во Рева велат дека ја истражуваат кражбата како штетна за националната интеграција и потенцијална опасност за нарушување на мирот.
Некои хиндуистички екстремисти во Индија го сметаат Махатма Ганди за предавник, бидејќи заговарал единство на хиндуистите и муслиманите, иако и самиот бил хиндуист. Бил и убиен од хиндуист во 1948 година. По смртта, неговата пепел, спред хиндуситичките обичаи, била фрлена во река. Сепак, поради славата на Ганди, помали количества од пепелта била задржана и ставена во храмови и музеи, како во тој во Рева.