Судот да побара конкретен одговор од Министерството за правда до каде е екстрадицијата на двајцата обвинети во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, побара во судницата обвинителката Фатиме Фетаи. Двајцата обвинити се наоѓаат на Косово, а за нив требаше да биде побарана екстрадиција.
-Доколку може да добиеме конкретен одговор од Министерството за правда дали воопшто е започната постапка за екстрадиција и дали нешто преземаат косовските власти. Сите досега добиени одговори беа исти, постапката е во тек, кажа Фетаи.
Неприфатливо да се добива ваков штур одговор, смета обвинителката, особено што за неколку месеци може да се очекува и конечна одлука за „Монструм“.
Средба со министерката за правда, Рената Дескоска бараат и родителите на убиените момчиња кај Смилковското Езеро.