Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во официјална посета на Црна Гора, објави црногорската влада.
„Добредојде на нашиот сојузник и пријател“, се наведува во налогот на Твитер на црногорската влада. Секретарот Помпео на аеродромот Подгорица беше пречекан од министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ.
Предвидени се официјални средби на Помпео со шефовите на државата и на владата, Мило Ѓуукановиќ и Душко Марковиќ.Премиерот Марковиќ и секретарот Помпео ќе дадат изјава по средбата.
„Официјалната посета на државниот секретар по посетата на американскиот потпретседател Мајк Пенс на нашата земја во август 2017 година е уште една потврда за одличните односи меѓу Црна Гора и САД и Црногорско-американската алијанса“, соопштија од Владата.
По Црна Гора, авионот на Помпео следува во Охрид, каде ќе се одвива официјалната посета на нашата земја.