Ќе се читаат 133.000 СМС пораки за „Монструм“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/19 8:44 AM

Ќе се читаат 133.000 СМС пораки за „Монструм“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, „Монструм“ на СЈО. Се очекува да бидат изнесени како докази 133.000 СМС пораки и други транскрипти, предложени како дополнителни докази од Обвинителството.

Случајот се наоѓа во доказна постапка,процесот го води судијата Огнен Ставрев, а застапнци на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.