Се редат гафовите со знамињата – Пендаровски го пречека Ѓукановиќ со превртено знаме – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/19 8:42 AM

Се редат гафовите со знамињата – Пендаровски го пречека Ѓукановиќ со превртено знаме

Средбата на црногорскиот и македонскиот претседател во Скопје Мило Ѓукaновиќ и Стево Пендаровски во неговиот кабинет во Скопје, помина со црногорското знаме свртено на обратна страна.Ова го забележа државната телевија на Црна Гора.

По тој повод кабинетот на претседателот Стево Пендаровски упати извинување до кабинетот на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, кој на 2 октомври беше во официјална посета на Северна Македонија.

„Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија се извинува за превидот за време на официјалната посета на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ . Несакан превид беше направен за време на подигнувањето на црногорското знаме на тет-а-тет средбата на двајца Претседатели“, се наведува во извинувањето од кабинетот на Пендаровски.