Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска во Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/19 7:12 AM

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска во Македонија

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, попладнево ќе слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Во Охрид каде ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев, по што треба да одржи прес-конференција.

Мајк Помпео е прв државен секретар на САД што ја посетил земјава, по Колин Пауел, кој престојуваше во официјална посета на Македонија за време на конфликтот во 2001 година.

По средбите со Пендаровски и со Заев во Охрид, Помпео ќе отпатува за Атина.