Кабинетот на Пендаровски се извинил за наопаку поставеното црногорско знаме – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/19 6:38 AM

Кабинетот на Пендаровски се извинил за наопаку поставеното црногорско знаме

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се извинил поради превидот за време на официјалната посета на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во Скопје, пишуваат црногорски медиуми.

За време на средбата на двајцата претседатели, црногорското знаме било свртено напопаку.

„Извршен е ненамарен превид за време на поставувањето на црногорското знаме пред средбата на двајцата претседатели“, пишувало во извинувањето.