Фајнанс тинк: Имаме неквалитетна јавна администрација – ММС
ММС

Објавено на: 10/3/19 6:44 PM

Фајнанс тинк: Имаме неквалитетна јавна администрација

Институтот за економски анализи Фајнанс тинк (Finance think) го објави инфографикот на тема Јавна администрација: големина и продуктивност. Оваа нивна анализа покажа дека имаме администрација која не е квалитетна, а една од главните причини за тоа е вработувањето и напредувањето без почитување на принципот на квалификации, компетенции и заслуги.


Споредбено со 2011, во 2018 година вработувањата во јавниот сектор од овие дејности се зголемиле за 17,2%, речиси исто колку што пораснала и вкупната вработеност во економијата за истиот период (17,6%).