Вооружен напаѓач со нож нападнал полицајци во Полициска станица во Париз. Според првичните информации, убиени се четворица полицајци.
Напаѓачот, чии идентитет не се открива наводно бил дел од персоналот во Полициската станица. Како што јавуваат француските медиуми напаѓачот е убиен. Мотивите за нападот се непознати.
,,Наши четири колеги се мртви по напад со нож. Другите колеги се во шок“, соопшти претседателот на Унијата на полицајци Лоик Травер.
Нападот се случил во близина на полициската станица во катедралата „Нотр Дам“.
Францускиот премиер Едуард Филип и Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер пристигнале веднаш на местото на настанот.
URGENT – Attaque au couteau à la préfecture de police à Paris sur des policiers. Plusieurs victimes, l’assaillant abattu.
Important dispositif en train de se mettre en place. pic.twitter.com/cwCQCej7vR
— Remy Buisine (@RemyBuisine) October 3, 2019