Во еден ден контрола, 17 возачи возеле без возачка дозвола, 16 возила биле нерагистрирани – ММС
ММС

Објавено на: 10/3/19 1:12 PM

Во еден ден контрола, 17 возачи возеле без возачка дозвола, 16 возила биле нерагистрирани

Полициски службеници од СВР Штип во текот на вчерашниот ден, извршиле контрола за брзина, управување на возила без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непрописно паркирање. Притоа констатирано е дека 17 возачи управувале без возачка дозвола, 16 возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 18 возачи, пет зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, тројца не користеле заштитен појас и трoјца непрописно ги паркирале возилата. За сите прекршоци издадени се соодветни санкции.

СВР Штип, вчера во периодот од 10.00 до 16.00 часот часот,  спроведе засилена акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Притоа, биле регистрирани 21 прекршок за кои изречени се соодветни санкции. Санкционирани се и 31 останати прекршоци.