Манолиќ: Колинда го исфрли Тито од претседателскиот кабинет, тоа ќе ја чини нов мандат – ММС
ММС

Објавено на: 10/3/19 8:04 AM

Манолиќ: Колинда го исфрли Тито од претседателскиот кабинет, тоа ќе ја чини нов мандат

Долгогодишниот хрватски политичар и некогашен премиер Јосип-Јожа Манолиќ вчера, веднаш по официјалното поднесување на кандидатурата на актуелната хрватска претседателка за нов мандат, изјави дека Колинда Грабар – Китаровиќ нема да добие нов мандат поради исфрлањето на Титовата биста од претседателскиот кабинет на Пантовчак.

„Китаровиќ не може да победи на претстојните претседателски избори, поради тоа што од Пантовчак ја исфрли бистата на Јосип Броз Тито, носителот на антифашизмот, поради што, веднаш на почетокот на кампањата, половината Хрвати се против неа“, рекол, како што пренесуваат хрватски медиуми, Манолиќ