Загадувачот што го пожолте Вардар бара спогодба да не плати 100.000 евра казна – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/19 6:40 PM

Загадувачот што го пожолте Вардар бара спогодба да не плати 100.000 евра казна

Ирена Ристиќ со редица прашања на место. И едно клучно – до кога неказнување на уништувачите на природата од про -форма инспекции? 

🔶 Вардар пожолте, се дигна џева, градската инспекција излезе на терен со луѓе од лабораторијата на ЈП „Водовод и канализација“, сите дознаа тој ден, цела јавност, ама ДИЖС не бил известен, според нив, дури доцна вечерта, кога викендот заврши дознале. Да се чудиш на државава.

👉 Забрана за работа на погонот Лужилница на челичарата „Арцелор Митал“/„Либерти хаус груп“ виновник за хаваријата е изречена на 90 дена или до отстранување на дефектот.

И сега доаѓа делот на казните. До петок треба да биде утврдено колкава казна ќе се изрече.

🔺 Законот за животна средина вели 100.000 евра.
Уште вели „Доколку поради прекршокот настане поголема штета врз животот и здравјето на луѓето се изрекува санкција сразмерна на причинетата штета, но најмногу до двократен (првично било седумкратен, па пред 4 години намалалиле, нели, казните кај нас ако може да ги нема најубаво) износ од износот утврден (а тој е 100.000 евра)“. Значи 200.000 евра.

🔻 Само кај нас кој утврдува дали има поголема штета врз животот и здравјето на луѓето. Ќе кажат рибите умреле само, живиот свет во реката, ама луѓето арни. А тоа што луѓето ќе го јадат од нивите полеани со оваа вода, тоа не е штета врз животот и здравјето на луѓето? Или пак и да го утврдат тоа, ќе кажат не е “поголема”, зошто вака непрецизно дефинирано кај нас значи автоматски секогаш штетата е помала.

🔻 Инспекторот сметал дека нема ваква штета врз животот и здравјето на луѓето, па не само што не ја изрекол директно казната за 100.000 евра, туку си побарал постапка за спогодување!??

👉 Што значи тоа? Тоа значи дека кога ќе се спогодат, казната може да се намали на половина, значи на 50.000 евра, а ако има исклучително олеснителни околности да изнесува и само 1/3, односно 33.333 евра. Уште и начинот на плаќање ќе се одреди, на рати пример.

 Зошто инспекторот на ДИЖС побарал сторителот да се спогоди, наместо да си ја плати целата казна од 100.000 евра на суд? Законот не вели дека дека инспекторот мора да побара постапка за спогодување. Вели дека МОЖЕ да побара да се спогоди, но не е задолжително.

 И зошто не е побарана и кривична одговорност?

🔺 Кривичниот закон за вакви хаварии предвидува казни со затвор од три месеци до три години.

🔻 Компанијата морала да го извести ВЕДНАШ и ДИЖС и Центарот за управување со кризи за да се предупредат институциите, но и граѓаните, но тие тоа не го направиле. Самиот ДИЖС во соопштение до медиуми вели дека мострите што ЈП Водовод и Канализација ги земал биле околу 8 часа по настанувањето на инцидентот, што е релативно доцен период на земање мостри. Значи концентрациите на излеаното биле уште повисоки.

Јавна тајна е дека нелегален испуст се случува постојано од индустриските капацитети, но во вечерните часови, односно по полноќ.

На сето ова, нема кривична, нема директно изречена казна, туку спогодување, за да се намали.

⛔️ До кога бре луѓе? Ако не можете, не сакате да казнувате, гледате низ прсти, знаете дека ноќе се главните испусти на загадувачи и не сте инсистирале до сите можни инстанци дека тросменско работење е неопходно, дајте си отказ. Не може вака про форма инспекции, про форма казни. ДОСТА Е.”

#О2Иницијатива