Се запалил автомобил на автопатот Миладиновци – Штип – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/19 5:47 PM

Се запалил автомобил на автопатот Миладиновци – Штип

Автомобил на светиниколчаенц се запалил на новиот автопатот кај Свети Николе. На 01.10.2019 во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 17.30 часот на автопатот Миладиновци – Штип, кај место викано „Кантонче“, светиниколско, настанал пожар во патнички автомобил „Фиат Сеиченто“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од С.З.(37) од Свети Николе. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица  Свети Николе.