Од струен удар настрадал малолетен мигрант од Авганистан – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/19 4:50 PM

Од струен удар настрадал малолетен мигрант од Авганистан

Полицијата соопшти дека на 01.10.2019 во 11.20 часот било пријавено дека на железничкиот граничен премин Гевгелија, на товарен воз, од струен удар со тешки телесни повреди се здобил малолетен авганистански државјанин. Лицето било пренесено во Јавната здравствена установа Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.