На Светиниколчанец му се запалила колата додека возел – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/19 3:33 PM

На Светиниколчанец му се запалила колата додека возел

Во текот на вчерашниот ден  во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 17.30 часот на автопатот Миладиновци – Штип, кај место викано „Кантонче“, светиниколско, настанал пожар во патнички автомобил „Фиат Сеиченто“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од С.З.(37) од Свети Николе.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица  Свети Николе.