Застој во Пречистителната станица во Струмица, несовесни граѓани испокасапиле коњ и го фрлиле во канализација – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/19 2:16 PM

Застој во Пречистителната станица во Струмица, несовесни граѓани испокасапиле коњ и го фрлиле во канализација

Несовесни струмичани деновиве испокасапиле коњ и остатоците ги фрлиле во канализациониот систем кои заглавиле во Пречистителната станица предизвикувајќи  материјална штета.

Станицата била во прекин од неколку часа, но во моментов работи.

Надлежните истражуваат кој фрлал цели делови од животно во системот за одведување на отпадни води. Остатоци од искасапениот коњ фрлен во канализациониот систем предизвикал неколкучасовен прекин на работата на Станицата за прочистување на отпадните води во Струмица. Паралелно предизвикана е штета на влезна решетка за отпадни води која работи на електромотори.

Според струмички Комуналец уништени одредени делови кои се санираат, но потребни се и дополнителни интервенции –  велат од комуналното претпријатие кои биле изненадени од несовесноста на граѓаните. Случајот е пријавен кај надлежните од каде бараат расчистување на случајот.

Од Комуналец апелираа до граѓаните за посовесно и поодговорно однесување кон канализациската мрежа бидејки не било првпат преку неа до пречистителната станица да доаѓаат пцовисани животни.