Во Индија денеска се одбележува 150-годишнината од раѓањето на Махатма Ганди – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/19 11:34 AM

Во Индија денеска се одбележува 150-годишнината од раѓањето на Махатма Ганди

Индија денеска одбележува 150 години од раѓањето на Махатма Ганди, еден од најголемите лидери на 20. век и човек што ја ослободи Индија од колонијалното ропство.

Сепак, во Музејот на Ганди, изграден на местото каде беше убиен тој борец за слобода, има многу повеќе странци отколку Индијци. Така е, како што пренесува Хина, поради растечкиот хиндуистички национализам, а со тоа и опаѓање на интересот за Ганди.

Индија стекна независност од Велика Британија во 1947 година пред се’, најногу политиката на пасивен отпор на Ганди, која подразбираше граѓанска непослушност и ненасилство. Голем број индиски политичари ја доведуваат во прашање неговата идеологија, сметајќи ја за непрактична.

Начелата на Ганди инспирираа луѓе и движења ширум светот. Тој беше убиен од хиндуистичкиот екстремист Натурам Годсе, кој го обвинуваше за слабеење на земјата бидејќи дозволил нејзина поделба на Индија и Пакистан.