Утре протест за воздух во скопска Автокоманда – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/19 10:37 AM

Утре протест за воздух во скопска Автокоманда

Иницијативата “Автокоманда сака да дише” утре во 18 часот организира предупредувачки протест против континуираното загадување на воздухот во Општина Гази Баба. Протестот ќе се одржи во 18 часот на плоштад “Коцка”, веднаш до Полициската станица во населбата Автокоманда.
Од иницијативата “Автокоманда сака да дише” објаснуваат дека  се организирале „како резултат на перманентните жалби на граѓаните од загадениот воздух и од негрижата на надлежните институции за заштита на животната средина“.

-Затоа, свесни за фаталната штетност на загадувањето и катастрофалните последици врз здравјето на граѓаните, иницијаторите и жителите на Општината се креваат на нозе барајќи нормални услови за живеење и итно преземање мерки за спречување на ова појава, стои во повикот за предупредувачкиот протест.