Старлетата Ава Карабатиќ (31) во саботата шокираше многумина кога на Инстаграм објави дека има намера да стане претседателка на Хрватска. Амбициозната сплиќанка Ава, инаку и професорка по италијански и латински јазик, уметничка, манекенка и риалити-ѕвезда, дури објавила и кратка програма со која ќе ги „купува“ избирачите.
Карабатиќ ќе се залагала за забрана на абортусот по шестата седмица бременост, воведување сексуално образование во училиштата, заштита на животните и казни за оние што ги малтретираат, потоа за сузбивање на корупцијата, намалување на државните давачки…
Најголемата поддршка на Ава и’ бил таткото Ивица.