Бразилски рибар своевремено пронашол пингвин во крајно лоша состојба. Го нахранил, искапел и очекувал кога животното ќе закрепне да замине и да си го бара семејството. Но, пингвинот што го добил името Диндим, долго одбивал да замине откај рибарот. Останал кај него дури осум месеци, а потоа исчезнал, Рибарот мислел дека повеќе никогаш нема да го види.
Но, некогаш малиот Диндим, во последните пет години по еднаш годишно почнал да го посетува и да поминува по неколку дена со рибарот за што препливувал по 8.000 километри. Од големото пријателство меѓу пингвинот и рибарот останале изненадени и научниците- истражувачи на животни.