До 2050-та ќе има половина милион стогодишници во ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/19 9:36 AM

До 2050-та ќе има половина милион стогодишници во ЕУ

Дали знаевте дека бројот на луѓе кои живеат во ЕУ на возраст од 100 или повеќе години се предвидува да расте од скоро 106 000 во 2018 година на повеќе од 500 000 до 2050 година? Овој и другите факти можат да се најдат во публикацијата „Стареењето на Европа – гледајќи гo животот на постарите луѓе“ на Евростат, која дава детална слика за секојдневниот живот на постарите луѓе во ЕУ, со податоци за одделни земји-членки на ЕУ и земјите на ЕФТА.

По повод Меѓународниот ден на старите лицa, Евростат ја најави својата претстојна публикација која ќе биде објавена на 18 октомври.

Секое поглавје содржи статистички информации во форма на табели, графики и мапи и дава описна анализа на податоците што ги истакнуваат главните наоди. Статистичките показатели се презентирани за следниве шест теми: промени во популацијата; домување и услови за живеење; здравје и инвалидитет; работа и преминување во пензија; пензии, приходи и расходи; социјален живот и мислења.