Почнува аудио-снимањето на судските рочишта во Кривичен суд – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/19 9:10 AM

Почнува аудио-снимањето на судските рочишта во Кривичен суд

Техничката опрема за аудио-снимање на судските расправи ќе биде промовирана денеска во Кривичниот суд.

Опремата донирана од амбасадата на САД во Скопје, денеска за првпат ќе се користи за снимање на судско рочиште.

Американската амбасадорка Кејт Брнс утрово дојде во основниот кривичен суд за да присуствува на судење на кое ќе биде претставена нова аудиоопрема за снимање на судењата.
Амбасадорката ја пречека претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев.