Марија Шарапова веќе подолго време ужива во среќна врска со англискиот милионер, Александар Гилкес. Преубавата Русинка се смири крај Гилкес, а заљубениот пар не се крие и својата среќа ја споделува и на социјалните мрежи. Шарапова не престанува да привлекува внимание, а пред англискиот милионер беше во врска со словенечкиот кошаркар со српско потекло Саша Вујачиќ.
Маша ја раскина веридбата со кошаркарот, а утеха пронајде во љубовта со бугарскиот тенисер Григор Димитров. После вториот љубовен бродолом, Русинката најде утеха надвор од светот на спортот, па денеска блеска крај 39 годишниот бизнисмен од Лондон. Гилкес потекнува од богато семејство, татко му е познат забар, а мајка му професорка на Оксфорд. Студирал на престижни факултети, а се дружи со британскиот џет сет. Меѓу останатите, добар пријател им е на принцовите Вилијам и Хари.