Илјадници поддржувачи на отцепувањето на Каталонија од Шпанија синоќа маршираа низ Барселона за да ја одбележат втората годишнина од одржувањето на забранетиот референдум за независност на шпанскиот регион.
Демонстрантите посетија и некои училишта, во кои пред две години упадна полицијата додека во нив се спроведуваше гласање.
Собири се одржаа и во други градови низ Каталонија, која има 7,5 милиони жители и во која сепаратизмот во изминатите десет години е во пораст.