Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Тој во 10 часот треба да пристигне на скопскиот аеродром, по што ќе следи официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот Стево Пендаровски.
Потоа е предвидена средба со претседателот Пендаровски, како и пленарен состанок на официјалните делегации на вете држави. Пендаровски и Ѓукановиќ ќе имаат заедничка прес-конференција, по што црногорскиот претседател ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев.
Во рамките на посетата, претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, е предвидено да се сретне со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и со претседателот на Владата, Зоран Заев.