Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со температура до 31 степен (Скопје – 30). Утре се очекуваат температури до 28 степени, а попладнето и дожд, некаде и пороен – до 30 литри на квадратен метар. Дождот в петок ќе престанува, но температурите ќе опаднат за десетина степени во однос на денешните.
За викендот се очекува стабилно време и температури до околу 23 степени.


