Прилепчанец се повредил обидувајќи се да го изгасне пожарот од својата плевна – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/19 4:47 PM

Прилепчанец се повредил обидувајќи се да го изгасне пожарот од својата плевна

Прилепчанец се здобил со повреди откако вчера попладне се обидувал да го изгасне пожарот во неговата плевна.

„На 30.09.2019 околу 18.00 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во плевна, сопственост на Т.Д.(69) од с.Вашарејца, општина Могила. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. При обид за гасење на пожарот, со повреди се здобил Т.Д. и бил пренесен во болницата во Битола. Увид бил извршен“, велат од МВР.