Во неколку судови во Братислава примени беа денеска дојави за поставени бомби, што предизвика евакуација на зградите, изјави портпаролката на полицијата Вероника Сламкова.
Меѓу објектите кои добија дојави се и Министерството за правда и зградата на Врховниот суд, јавија словачки медиуми.
Засега е непознато дали тие дојави биле лажни.