Волк усмртил 40 овци, петнаесетина повредил – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/19 1:52 PM

Волк усмртил 40 овци, петнаесетина повредил

Волк усмртил 40 овци, петнаесетина повредил, а четриесетина побегнале од стадото на жител од тетовското село Вејце. Полицискиот билтен регистрира и тепачка на ученици пред средното земјоделско училиште Моша Пијаде во Тетово.

Жител на тетовското село Вејце вчера пријавил дека во периодот помеѓу 28 и 29 септември во атарот на селото Бозовце дивеч, најверојатно волци, му усмртиле 40 овци, 15 повредиле, а 40 избегале и воопшто не се вратиле во неговото стадо.

Вчера околу 14 часот, бил нарушен јавниот ред и мир физичка пресметка помеѓу две групи ученици на возраст од 17 години од тетовските села Одри, Пршовце, Непроштено и Палчиште. Според очевидци, тепачката меѓу учениците се случила пред средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово

Ноќеска околу 1 часот во тетовското село Горно Палчиште, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ги лишиле од слобода 26 годишник од Голема Речица и 18 и 17-годишник, двајцата од тетовска Мала Речица, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Поради сомние дека е сторител на неколку тешки кражби и кражби минатата и оваа недела во Тетово и Гостивар полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода деветнаесет нгодишниот Џ.Б. од тетовското село Отушиште. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување на случајот.