Народната банка ги објави податоците за движењата на надворешниот долг на крајот на вториот квартал од 2019 година, според кои, бруто надворешниот долг изнесува 8.324 милиони евра, или 73,7% од БДП. Во однос на крајот на првото тримесечје оваа година, без трансакциите за управување со девизните резерви, тој е повисок за 117 милиони евра, поради зголемениот приватен долг, во услови на намалување на јавниот надворешен долг, соопшти централната банка.
– Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.652 милиони милиона евра, или 50% од БДП. На квартална основа, без трансакциите за управување со девизните резерви, тие се повисоки за 98 милиони евра, во услови на зголемување на приватните и јавните побарувања. Нето надворешниот долг изнесува 2.672 милиони евра, или 23,7% од БДП и е зголемен за 21 милион евра, или за 0,8%. И натаму долгот на приватниот сектор има доминантно учество во вкупниот нето-долг, со 58%, информираат од НБРСМ.