Затворот „Скопје“ каде се сместуваат притворениците и каде во моментот е специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, годинава работи со намален буџет за 60 отсто. Како, најдобро знаат станарите, кои со храна се снабдуваат од дома. Ова денеска на прес конференција го посочи извршната директорка на Хелшинскиот комитет за човекови права, Уранија Пировска.
-Добивме забелешка во затворот „Скопје“ дека од лани до оваа година буџетот е намален за 60 отсто. Да не кажувам колку е тоа во денари по затвореник. Од тие причини и семејствата на затворениците се принудени да им носат храна два до три пати неделно. Тие храната ја чуваат во своите келии. Тоа влијае на хигиената, на појавата на инсекти. Мора да се оддвојат повеќе средства за оваа популација. Не може веќе го години да го зборуваме истото, дека во казнено – поправните установи има еден доктор, рече Пировска.
При посетата на 11 вакви установи, утврдено е дека во ниту еден затвор нема образование, додека едукацијата на затворениците е сведена на ниво на пилот – проекти финансирани од странски донатори,а затворите имаат недостаток од лекарства и медицински персонал.