Биткоинот под 8.000 долари – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/19 3:35 PM

Биткоинот под 8.000 долари

На пазарите на валути во текот на изминатата недела внимание привлече падот на еврото на нов двегодишен минимум, бидејќи во петокот, кога побарувачката за доларот се зголеми како резултат на преуредувањата на портфолиото на крајот на тромесечјето, за евро мораше да се платат само 1.0904 долари.

Слабоста на еврото (или силата на доларот) главно е поврзана со неубедливите економски показатели на еврозоната (показател на економско чувство, мерено со ESI, се лизна најниско од февруари 2015 година) и со политиката на Европската централна банка, која овој месец во уште понегативнo подрачје ја намали стапката на депозити и најави дека ќе ја продолжи програмата за откуп на обврзници во ноември, издвојувајќи 20 милијарди евра месечно за оваа „операција“.

Неодамна е погодена и британската фунта. Откако од врвот на Британската централна банка пристигнаа навестувања за полабава монетарна политика, британската валута се лизна на 1,22285 долари.

Откако долгорочно беше стабилна на околу 10,000 американски долари, цената на дигиталната валута – биткоин, минатата недела падна за повеќе од 20 проценти, а во петокот вредеше 7.757 долари.

Постојат неколку причини за падот: хаш стапката (брза пресметка на алгоритмот) нагло опадна, неуспешното деби на новата Bakkt платформа за тргување со криптовалутите, а падот го забрза придвижувањето на налозите за запирање на загубите.

И покрај тоа, цената на биткоинот е сè уште повисока за 120 проценти отколку на почетокот на годината.

Извор: denar.mk