За 50 % намален бројот на новороденчиња во гостиварско  – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/19 2:25 PM

За 50 % намален бројот на новороденчиња во гостиварско 

Трендот на иселување од полошко е со засилено темпо, причина што за изминативе дваесет години бројот на новородени деца во Македонија се преполовил.


Од Гинеколошкото акушерско одделение при гостиварската болница, велат дека се вчудоневидени од бројката за намалениот број на новороденчиња во Македонија, а како главна причина го наведуваат иселувањето, односно другата половина на новороденчиња се родени во странска држава.

Во минатото, на годишно на одделението имало по 1.200 до 1.300 новороденчиња, последните години бројката се движи околу 650 до 700.

Зоран Димовски