Џафери: Комисиите соодветно да работат според деловникот, за да овозможат пленеарната седница да тече без пречки. – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/19 2:03 PM

Џафери: Комисиите соодветно да работат според деловникот, за да овозможат пленеарната седница да тече без пречки.

„Стана пракса, претседателите на комисиите, редовната постапка, процедура и рокови да не ги почитуваат“, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, на новинарско прашање дека некои комисии може да ја закочат работата на Собранието.

Тој појаснува дека како претседател на Собрание единстевна негова надлежност е доколку претседателот на комисија одбива да свика седница, тој ја има деловничката можност да го стори тоа и при тоа да определи кој ќе ја води комисијата, но како што вели во поголемиот број случаи не дека не се свикуваат седниците, туку дека немаат епилог.

„Причините се политички и немарност на дел од претседателите на комисиите. Од моја страна како претседател на Собрнанието, неколку пати укажувам јавно на седница на Собранието, комисиите соодветно да работат според деловникот, за да овозможат пленеарната седница да тече без пречки.  Факт е дека во досегашниот период, стојат не решени прашање по однос на битни прашање за функционалноста на битни институции во државата, а кои што работи треба да поминат низ Комисијата за избори и именувања“, изјави денеска Џафери, по неформалниот брифинг со новинарите.

Во однос на осумте независни пратеници излезени од ВМРО ДПМНЕ, кои испратија писмо со кое што бараат поинаков распоред или вклученост во работните тела, како и проблемот со заминувањето на Весел Мемеди од мнозинството, и доаѓање на пратеник од опозицијата, Талат Џафери вели дека комисиите од формален аспект имаат соодветен број на пратеници за да можат редовно да работат.

Деловникот е јасен во членот 118, ставот 5, кога санкционира состав на работните тела во Собранието, кој санкционира дека составот треба да рефлектира, конфигурација на пратеници односно пратенички групи во Собранието и пратеници кои не се организирани во пратенички групи како и по однос на родовата застапеност во внатрешните членови на комисиите“, изјави претседателот на Собранието на РСМ.

Џафери вели дека добил писмо од осумте пратеници, но има и реакција и од кординацијата и на претставници на пратениците кои не се организирани во пратенички групи по однос на празните места, но вели тоа сепак повторно е проблем на усогласување на политички ставови помеѓу политичките партии за кои тој не е надлежен.