Комисијата за правни прашања на Европскиот парламент денеска изгласа дека двајцата назначени комесари од Романија и Унгарија не се во можност да ги извршуваат неговите или нејзините функции во согласност со договорите и Кодексот на однесување, соопшти на Твитер портпаролот на Европскиот Парламент Жауме Дух.
Тој додаде дека „претседателот на Европскиот парламент сега ќе праша какви понатамошни чекори има намера да преземе претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејн“.
Минатата недела, за првпат, беа отфрлени двајца кандидати од страна на комисијата за правни прашања на Европскиот Парламент, пред воопшто да се одржат официјалните сослушувања кои почнаа денеска. Пратениците оценија дека во случајот на унгарскиот кандидати Ласло Трочањи и Романката Рована Плумб не ги задоволуваат критериумите во однос на конфликт на интереси. (НОВА ТВ)