При погреб на селските гробишта во Наталинци кај Топола, пред неколку дена при ископот на гробот бил пронајен сандак полн со оружје, бомби и гранати. Се претпоставува дека дека оружјето потекнува од Втората светска војна и вистинска среќа што никој не загинал, пишиваат српски медиуми.
„Старата жена што живееше сама без потомство, си го плтила гробното место, погребот и споменикот. Додека задолжените луѓе за тоа го копаа гробот, наидоа на нешто тврдо. Откопаа сандак преполн со оружје, бомби и гранати. Настана вистинска драма кога еден од рабтниците го отвори сандакот. Сите бегаа од страв да не дојде до експлозија, да не погоди некој детонатор“, раскажува очевидец.
Улицата што водела кон гобиштата два дена била блокирана, додека специјална атидиверзантска единица не ги деактивирале експлозивните средства. Пронајденото оружје било во добра состојба. Несреќната жена била погребана на друго место.