Најмалку 36 осуденички избегале од строго луван затвор во Индонезија, откако синоќа избувнал пожа во затворот за жени во местото Маку.
Во затворот затворски казни издржуваат 103 осуденички за тешки кривични дела. Индонезиската полиција почнала опсежна потера по избеганите осуденички, а истрагата за тоа како избувнал пожарот во затворот е во тек.
Весникот „Република“ јавува дека локалните жители биле предупредени да внимаваат и да соработуваат со полицијата.


