Хутите тврдат дека заробиле 2.000 саудиски војници – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/19 8:05 AM

Хутите тврдат дека заробиле 2.000 саудиски војници

Јеменските бунтовници Хути трврдат дека извеле голем напад кај границата со Саудиска Арабија и заробиле две илјади војници, меѓу кои имало и саудиски офицери.

Тие вчера објавиле видеоснимка на која се гледаат и оклопни возила со саудиски ознаки и оружје и муниција кои, исто така, како што наведуваат, ги заплениле.