Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска ќе го презентира Извештајот за состојбите и условите во казнено-поправните установи во земјава, изготвен во рамки на проектот „Живот зад решетки” поддржан од Амбасадата на САД.
Извештајот базира на теренски посети извршени од претставници на Хелсиншкиот комитет по претходно утврдена методологија и во таа насока, содржи резиме од остварениот теренски мониторинг. Се фокусира на главните напредоци и предизвици документирани за време на посетите, а дава и генерални препораки за надлежните институции во насока на подобрување на состојбите и условите во казнено-поправните установи.
МИА