Себастијан Курц води на изборите во Австрија – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/19 6:53 PM

Себастијан Курц води на изборите во Австрија

Овие резултати се добиени од 46,4 проценти преброени гласови при што ОВП освои 37,2 проценти од гласовите, што е  5,7 проценти повеќе во однос на 2017 година.

Себастијан Курц и Народната партија се победници на изборите, а изгубија Социјалдемократите и Слободарската партија.

Според првичните резулатите добар резултат имаат Зелените. Курц и неговата десница остануваат на власт и сега се отвара можноста за коалиција. Разговорите ќе покажат која е идеална комбинација.

„Не сме задоволни“, е првата реакција на Памела Ренди Вагнер, лидер на Социјалдемократите.

Според Курц, ова е историски резултат бидејќи никогаш немало толкава разлика меѓу ОВП и другите партии. Тој нагласи дека сега треба да се свртат кон работата за доброто на Австрија.

„Тргнати сме во мај од власт, поминавме 4 тешки месеци и денеска гласачите ни вратија со гласови. Добивме голема доверба што е во исто време и голема одговорност што ја прифаќаме со почит. Ветувам дека ќе направиме се да ја оправдаме довербата и ќе работиме најдобро што можеме за доброто на Аврстрија“, рече Курц.