Жирокоптер за туристички лет е дел од идеите во конкуренција за финансиска поддршка – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/19 5:28 PM

Жирокоптер за туристички лет е дел од идеите во конкуренција за финансиска поддршка

Осум стартап креативни и иновативни идеи, како македонски Жирокоптер, Дрон за испитување на обработливата почва, Сервис на електротротинети, машини за достава на храна, софтвери за користење на 3D мапи и за корисната работна сила како и уред за испитување на здравјето на градежните објекти,  се во конкуренција за првите финансиски поддршки на X Фактор Акцелераторот во Велес.

Електроинжинер, машински инжинер и економистот од Велес Ѓорѓи Нанов од „Ер крафт“се во завршна фаза на производство на првиот македонски воздухоплов Жирокоптер. Леталното, едносед или двосед, во државата би се користело за индувидуални туристички летови и би се понудило на институции кои имаат потреба од него. Според бизнис планот, идејата за производството на Жирокопот со МКД ознака авторите ги чини 35 илјади евра, и по три години би го понудиле на продажба надвор од државата,на европскиот и на американскиот пазар, каде е развиено спортското воздухопловство.

– Наредните воздухоплови што би ги произвеле по првиот во кој веќе вложивме сопствени средства и ни требаат уште 30 илјади евра, да се шириме. Прво да помогнеме во државата, да имаат бенефит четири до пет микропретпријатија или работилници кои би ни помогнале во проектот, да ангажираме млади струќњаци од факултетите, рече Нанов.

Оваа е само една од осумте избрани интересни идеи за стартапи од страна на X Фактор Акцелераторот во Велес,  единствен  во внатрешноста на државата и основан од инвеститори со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на успешни стартап бизниси. На првиот ден за презентација што тие го организираа беа презентирани веже 8 успешни идеи.

-Со помош на надворешните соработници од Комитет за одобрување на инвестиции се очекува да се донесе одлука за финансиска поддршка на три до пет стартапи. Со нив ќе ја започнеме нашата програма под мотото „Заедно растеме“, рече управителот Милан Димитриевски.

X Фактор Акцелераторот во Велес е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Светска банка. Директорот Јован Деспотовски , рече дека државата цели кон поттикнување на младите луѓе да го развиваат својот креативен потенцијал.

– Акцелераторот е еден одличен пример за ова што го зборувам. Ако пред две години зборувавме со ќе, за некое идно време, денеска зборуваме за нешто што се случува, рече Депотовски.

Велешкиот X фактор Акцелератор заедно со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и со поддршка на „Стартап Македонија“ во глобалната „Недела на претприемништво“ ќе организираат серија на настани  со цел младите и студентите да бидат подобро информирани и поттикнати за учество во програмите и мошностите што им се нудат преку стартапи во нивната родна земја.