Судњето за случајот „Трезор“ се одложи поради здравствени проблеми на обвинетиот Сашо Мијалков. Извештајот од специјалист до судот го достави неговиот адвокат, Љупчо Шврговски.
Според извештајот од болницата „Систина“ што го прочита во Основниот суд Скопје 1 судијката Џенета Бегтовиќ, поранешниот директор на УБК повраќал, имал покачена телесна температура, болки и подригнување, за што од 25 септември 2019 година му е препорачано домашно лекување и терапија.
Но сепак, Бегтовиќ закажа рочиште за „Трезор“ за три дена, за да не почнува судењето отпочеток, бидејќи ќе поминат 90 дена од последното. Во меѓувреме, таа најави дека ќе провери во каква здравствена состојба е Мијалков.
Предметот е во фаза на доказна постапка и треба да продолжи со сослушување сведоци.
Во Случајот екс-шефот на УБК се товари за незаконска набавка за опрема за Управата за безбедност и контраразузнавање.